Главниот доктор на болницата во Вухан Лиу Жиминг почина вчера откако се зарази со коронавирусот „Ковид-19“, објавија кинеските медиуми. Тој беше директор на болницата Вочанг во градот за кој се смета дека е епицентар на болеста. Неговата смрт ја потврди „Чајна Дејли“, официјалниот весник на кинеската комунистичка партија.
Весникот ја твитна веста: „Лиу Жиминг, директор на болницата во Вухан , Вучанг, почина на 17 февруари поради инфекција со COVID19. Тој е првиот директор на болницата што почина од коронавирус. РИП.”
Тој е последен во низата медицински лица кои се жртви на оваа болест, која досега заразила 71.450 лица.
Вкупниот број на загинати во моментов изнесува 1.776, со петмина надвор од Кина.