Пејачката Наташа Беквалац и поранешниот ватерполист Данило Икодиновиќ – Дача по осум години откако се разведени се најдоа заедно на отварањето на едне ресторан. Иако биле на истото место, поранешните брачни другари ниту се погледнале, ниту се поздравиле и биле на различни страни.
Данило бил со неговата сопруга, одбојкарката Маја Огњеновиќ, додека Наташа пристигнала во женска придружба.
Инаку, Наташа и Данило се разведоа по пет години брак во 2011 година, по несреќата што Дача ја доживеа со мотор. Она што и понатаму ги поврзува е ќерката на Хана, која ја добија во 2007 година, една година откако се венчаа.
https://www.instagram.com/p/ByDycwtj86m/?utm_source=ig_web_button_share_sheet
По разводот од Данило, Наташа се мажеше уште два пати, за Љубо Јовановиќ, па за Лука Лазукиќ, со кого ја доби ќерката Катја кон крајот на минатата година.