УЛОГАТА ВО “СЕКСОТ И ГРАДОТ“ ГО НАПРАВИ СЛАВЕН: Полудуваа жените по него, а еве како изгледа денес

by Тони Зографски

Важеше за голем срцекршач, а како момче на познатата Кери Бредшо стекна голема популарност меѓу дамите ширум светот. Имено, познатиот актер и балетан Михаил Баришников пред околу 20 години беше сериозен мачо мен, а сега по долго време во јавноста се појави со сопругата Лиза Рајнхарт на црвениот тепих. Тие присуствуваа на „Балетната модна гала“ во Њујорк, а многумина беа воодушевени од нивниот феноменален стајлинг кој беше одлично искомбиниран.

Еден од најдобрите балетани во светот (74) за оваа пригода избра елегантен костум, а целиот изглед го заокружи со кафени наочари. На другиот кат неговата сопруга Лиза (71) облекла црни свечени панталони и бела кошула со широки ракави, а својот аутфит го зачинила со светкава чанта и штикли. Дојдоа на црвениот тепих рака под рака, а многумина коментираа дека овој пар блеска!

Тие се сакаат со децении, а круна на нивната љубов се нивните три деца – ќерките Ана Софија и Луиза и синот Питер Андреј. Актерот има уште едно дете, ќерката Александра од бракот со првата сопруга Џесика Ланге.

На 15-годишна возраст, Михаил бил примен на балетската академија во Санкт Петерсбург. Тој изгради богата кариера во бројни филмови и серии, а една од најзабележителните улоги му беше Александар Петровски во „Сексот и градот“, а покрај тоа беше дел и од продукции како што се: „Бели ноќи“, „Животна пресвртница“ и „Танчерки“.

Актерот е исто така многу шокиран и вознемирен од моменталната ситуација меѓу Русија и Украина, а од неодамна дури и испрати писмо до рускиот претседател Владимир Путин. Во него, наводно, ја изразил својата длабока загриженост за сите граѓани вклучени во конфликтите.

<p>Šarmantni Rus iz serije "Seks i grad" bio je neodoljiv, a mnoge dame su želele da se nađu u njegovom zagrljaju.</p>

останати вести