Почина славниот холивудски актер Доналд Сатерленд, објави на Икс неговиот син, глумецот Кифер Сатерленд. Актерот роден во Канада, почина на 88 години после долго боледување во неговиот дом во Мајами.
Во кариерата долга повеќе од половина век, Сатерленд, кој е добитник на Еми и Златен глобус, глумеше негативци, антихерои, романтични главни ликови, а меѓу последните изминатите години е и споредната улога како злобниот претседател Сноу во франшизата „Игрите на гладните“.
„Лично мислам дека е еден од најважните актери во историјата на филмот. Тој никогаш не се плашеше од улога, добра, лоша или грда. Тој го сакаше тоа што го правеше и го правеше она што го сакаше, и никогаш не може да се бара повеќе од тоа. Имаше добар живот“, напиша 57-годишниот Кифер.