Може ли ова да биде новата хит туристичка дестинација на Македонците? (ФОТО)

by Тони Зографски

Се повеќе туристи ја посетуваат оваа дестинација, а оние кои биле ја нарекуваат „Нова Бугарија“, бидејќи цените се приближно исти. Пристапни цени на сместување и превоз се главниот адут во рацете на верувале или не, Романија.

Мамаја и Констанца се поубави од Будва, велат туристите. Мамаја е најпознатото одморалиште на романската ривиера поради нејзинатата привилегирана позиција. Палмите, спектакуларните фонтани, модните настани и сензационалните шоу-програми, луксузните ресторани и клубови, неколкуте шеталишта, аквапаркот, делфинариумот, панорамската жичарница и останатите забавни објекти ја направија Мамаја спој од префинет вкус, добра забава и релаксација. Плажата е долга скоро 10 километри, и се протега од Констанца до Наводари. Прекриена е со ситен песок каков што нема на ниедно друго место во Европа.

Инаку, цените на храната се слични на нашите. Сместувањето може да го резервирате и тргнува од 6 евра ноќевање, во зависност од ѕвездите на хотелот. Сместувањето во приватни куќи и станови почнува од 5 до 10 евра по ноќевње.

Единствена препрека на која може да наидете доколку одлучите да летувате на романското море е тоа што македонските туристички агенции не организираат тури до таму, па вам ви преостанува самостојно да се организирате.

останати вести