(фото: Е. Чонкиќ)
Љубовниот живот на Здраво Чолиќ пред бракот со Александар бил навистина бурен. Според исказите на многумина, во деновите на најголема популарност тој неможел глава да крене од жени кои му влегувале во хотелските соби.
Чола откри многу детали од својот приватен живот, но за првата вистинска љубов, глумицата Јасна Орнел Бери ретко зборува. Сепак, таа открила дел од нивната врска која се случила кога биле многу млади во Сараево. Таа тогаш била една од најзгодните сараевски девојки, а денеска публиката од регионот ја познава преку филмовите “На пат“, Грбавица“, Нафака“ како и од филмот “ Во земјата на крвта и медот“ што ја режираше Анџелина Џоли.
-Секогаш дел од моето срце е резервирано за него. Тоа беше посебен однос кој и понатаму трае. Здравко секогаш ќе биде на сите и на никого. Прв пат по војната се сретнавме во Белград, а средбата беше фантастична. Чола е многу добар човек а ми ја посвети песната “ Ноќ ми те дугује“, кој сам ја напиша – рекла Јасна која сеуште има емоции спрема балканскиот шармер.