Денес во Ријека на 66 годишна возраст почина еден од најголемите хрватски музичари и легенди на екс-ју поп музиката, Рајко Дујмиќ.
Основачот и фронтмен на „Нови Фосили“, на 29 јули доживеа тешка сообраќајќа во која се здоби со тешки повреди на главата. За жал, тој денес подлегнал на повредите од несреќата кај Равна гора, информираат извори блиски на неговата потесна фамилија.
Според зборовите на неговата сопруга, тој се упатил накај Равна гора со намера да купи подарок за годишнината од бракот. На враќање доживеал тешка сообраќајка, по која изненадувачки останал буден и при свест до доаѓањето на Итната помош.
Оттогаш до денес, Дујмиќ се наоѓал на Интензивна нега во градската болница во Ријека.
Рајко Дујмиќ важеше за еден од „највештите пера“ на просторите на поранешна Југославија. Неговите текстови и денес се преработуваат, раскажуваат, користат како фрази. Публиката ќе го памети по хитовите „За она добра стара времена“, „Милена“ (песна напишана и посветена за девојката по име Милена од Неготино), „Шути, дјечаче мој плави“.