На белградскиот аеродром „Никола Тесла“ е испратена специјална полициска екипа поради дојава дека во еден авион има поставено бомба, пишува „Вечерње новости“.
Веста е потврдена и за Радио телевизија Србија.
„Новости“ дознава дека од авион на „Луфтханза“, кој бил подготвен за лет кон Франкфурт, утрово се евакуирани 130 патници и пет членови на екипажот поради дојава дека во леталото е поставена експлозивна направа.
Авионот бил итно преместен на позиција 3.000 метри каде стручен тим го прегледувало леталото како и багажот. Инаку, во вакви ситуации авионите се преместуваат на оваа позиција, за доколку дојде до експлозија нема опасност по околните објкети и возила.