Џехане Томас, мајка на два сина која беше ѕвезда на социјалната мрежа Тик-Ток, ненадејно почина во петокот на 30-годишна возраст по неколкумесечна борба со неподносливите мигрени.
Џехане, од Донкастер, имала речиси 67.000 следбеници на популарната платформа, каде што најчесто објавувала снимки од своето секојдневие, како што се подготвување ручек за синовите или одење во шопинг, пишува Daily Mail.
Нејзиното семејство е скршено, како и голем број луѓе кои ја следеле, а нејзината смрт ги шокирала бидејќи не знаеле дека нејзината состојба е толку лоша. Таа во последно време објави видеа на кои се жали на воспаление на оптичкиот нерв кој пренесува информации од окото во мозокот, што и предизвикува мачни болки.
Поради ова, таа во последните недели често беше во болници, а во последното видео се снимаше себеси во болнички кревет, непосредно пред операцијата.
– Не можам да ја кренам главата без да ми се слоши, а камоли да одам. Мора да ме туркаат насекаде на инвалидска количка. Оваа болка е толку страшна – вели таа во видеото.
Џехане неодамна беше пуштена од болница по еднонеделно лекување од ужасни мигрени, но нејзината состојба повторно се влоши. Покрената е кампања GoFundMe за собирање пари за помош на нејзиниот сопруг. Џехана позади себе ги остави тригодишниот син Исак и едногодишниот Елија.