Полицијата соопшти дека Соло била приведена во четвртокот на паркинг, додека била во возилото со своите две деца, по што следело сослушување и таа е пуштена од притвор.
„По совет на адвокатот, Хоуп не може да зборува за целиот случај, но сака сите да знаат дека децата се нејзиниот живот и веднаш беше пуштена на слобода“, вели адвокатот Рик Николс.
Ова не е првпат против неа да се води постапка, затоа што во 2018 година ги нападнала своите роднини, но тогаш Судот досуди дека не е виновна.
Во исповед за телевизијата „ЕСПН“, Хоуп призна дека често биле тепани од мајка им додека биле деца затоа што жената била аколхоличар, а семејството живеело сиромашно, додека во 2017 година голманката го обвини Сеп Блатер дека ја нападнал.