ИЗГОР СКАПО: Платил вистинско богатство за кафе, кроасан и лимонада во Опатија

by Тони Зографски

Еден Загрепчанец објавил фактура од кафуле во Опатија и предизвика бура на социјалните мрежи.

Разочараниот гостин на својот Фејсбук-профил објавил сметка од кафуле во Опатија, бидејќи смета дека платил премногу за она што го нарачал. Тој нарачал кроасан со шунка и сирење, мало макијато и природен сок од лимон.

Сè заедно платил – 107 куни (околу 14 евра).

Кроасанот го платил 30 (околу 4 евра), макијато 32 (4,26 евра), а сок дури 45 куни (5,8 евра).

Луѓето најмногу ги изненадило тоа што кафето чинело повеќе од кроасанот, па под објавата на гостинот оставиле куп коментари, повеќето згрозени од високите цени.

 

 

останати вести