Турската актерка Мерјем Узерли која многумина ја паметиме по улогата на Хурем, одлучила да го смени изгледот, а судејќи по реакцијата на фановите, промената е полн погодок.
Имено, прекрасната Мерјем одлучила да ја смени бојата на коса во руса, а фотографиите од фризерскиот салон биле објавени на нејзиниот Инстаграм профил.
„Изгледаш како да имаш 25 години“, „Погледнете ја оваа убавина“, „Сѐ убаво ти стои, но оваа боја на коса навистина те прави посебна“, „Ти си една од најубавите жени на сите времиња“, биле дел од комплиментите кои актерката ги добила од своите обожаватели.
Таа одамна станала модна икона, па секое нејзинотo појавување на црвениот тепих привлекува внимание во јавноста. Така било и минатата година на 76 издание на Филмскиот фестивал во Кан на којшто се појавила со вел и предизвикувачки фустан.
Таа минатата година била во Дубровник на роденденска забава на бизнисменот Мехмет Корутурк, а интересно е тоа што на Инстаграм сторито кое го снимила во Хрватска ја додала песната „Malo ćemo da se kupamo“ од Црвена јабука.
Таа својот приватен живот го чува подалеку од очите на јавноста. Во 2014 година ја добила ќерката Лара Јемим со бизнисменот Кан Атесз. Втората ќерка Лили Кои ја родила во 2021 година, но не сакала да открие кој е таткото, па порачала дека некои работи од приватниот живот сака да ги зачува за себе.