Пол Мејсон има 57 години и на социјалните мрежи е познат како модниот Дедо Мраз.
На најпознатиот дедо на светот којшто дели подароци, Пол всушност потсетува само поради седата брада, а жените го обожаваат и велат дека е еден од најзгодните мажи на планетата.
Пол е роден во Канада и во една пригода, пред куќата во која живее, го нападнала група женски фанови.
Секојдневно кога ќе излезе надвор добива купишта барања за заеднички селфиња.
Пол има 57 години, а со моделство почнал да се занимава во своите 20-ти години. Бил забележан додека студирал и за неколку недели пристигнал на модните писти во Токио. По кратката кариера во Париз, се преселил во Њујорк и работел на кампањи за DKNY, Dolce&Gabbana и Macy’s, а бил и на насловната страница на австралискиот „Вог“.
Во 2008 година неговиот живот добил пресврт. Откако мајка му на Мејсон се разболела од рак, тој се вратил дома во Канада да се грижи за неа. Во текот на наредните пет години не работел, бидејќи негата на болната мајка станала централен фокус на неговиот живот.
Кога во 2013 година мајка му починала, половина година речиси не станувал од кревет.
„Поради тагата што ја чувствував, престанав да се бричам шест месеци и на крајот ја пуштив оваа џиновска брада на Гризли Адамс. Кога се погледнав, сфатив дека ми се допаѓа новиот изглед. Кој не би сакал да види елегантна алтернатива на Дедо Мраз? Направив план – селфи со Дедо Мраз на црвениот килим. Врз основа на таа идеја, сѐ тргна напред“, раскажал тој.
Мејсон глумел моден Дедо Мраз во неколку различни малопродажни објекти пред да склопи еден голем договор. Благодарение на таа една кампања, тој станал познат. Како што проценува тој, во 2015 година поминал 88 часа правејќи селфиња за осум дена.
„Смешната работа во врска со мојата мајка, а можеби и не е смешна… крајот на животот ѝ го обележија канцерот, срцевото заболување и болните бели дробови. Затоа соработката со разни хуманитарни организации ми е толку важна. Тоа ми е можност да вратам нешто. Мислам дека мајка ми би била многу среќна поради тоа. Никогаш во животот не очекуваше дека ќе станам Дедо Мраз. Се обложувам дека и сега се смее поради тоа. Сѐ уште сакам да мислам дека ми помага и дека ми испраќа мали знаци во текот на празничниот период“, рекол Пол Мејсон.