Сексапилната Алесандра Амброзио уште го привлекува медиумското внимание каде и да се појави иако не е повеќе еден од ангелите на Викторија сикрет . Овој пат, славната 37- годишна убавица, го привлече вниманието на папараците играјќи одбојка на плажа, облечена во микро-бикини.
Фоторепортерите ја фотографираа додека игра одбојка со пријателите на песочна плажа во близина на Лос Анџелес. Откако ги забележа фотографите, таа облече бела маица и продолжи заводливо да позира.
Инаку, Алесандра Амброзио во манекенството чекори уште од своите 12 години. До сега има работено на кампањи за многу светски познати брендови. Во 2008 година, страната askmen.com ја прогласи за најубава жена. Таа е во врска со Италијанецот Николо Оди.