Полициаецот од Никшиќ, Милоје Шчепановиќ, после 30 години работа, синоќа си дал отказ, зашто не сакал да учествува во полициската акција против граѓаните.
Шчепановиќ истакнал дека како верник, сосед и пријател на тие кои се на другата страна не можел да ја гледа примената на сила против насобраните граѓаните, по што дал отказ од службата која е единствен извор на приходи за неговото семејство.
Инаку, после усвојување на Законот за слобода на вероисповед, неколку стотини граѓани и синоќа се собраа пред храмот Св. Василиј во Никшиќ во знак на протест, по што дошло до судир меѓу полицијата и граѓаните.