Ен Блеквуд и Мартин Сатер се развеле пред прераната смрт на нивниот син Кристофер кој почина во 2003 година на само 16 години. Несреќната жена е убиена на 24 јули – истиот датум кога Кристофер е роден во 1987 година.

Ана го пронашла својот син Кристофер, кој бил ученик во Grammar School во Портсмут, мртов во нивниот дом во Ли-он-Солент во 2003 година кога се вратила од работа. Тој починал две недели по неговиот 17-ти роденден.

Убиството на жената ги остави пријателите и семејството во солзи.

– Внимателна мајка со добро срце и пријателка која беше многу популарна во нејзината локална заедница. Таа уживаше во пензионирањето со активен животен стил кој вклучуваше тенис, едрење, возење велосипед и музика – опишаа роднините на убиената жена.

Сутер (66), локален политичар, живеел недалеку од својата поранешна сопруга во куќа од 800.000 фунти со поглед на Солент – област популарна кај љубителите на едрење. Тој бил разведен од Ен скоро 20 години и повторно се оженил.

Куќата што ја делел со втората сопруга е на 15 минути пешачење од местото каде што живеела Ен со нивната ќерка Хелен (33).

На Сутер, истакнат член на локалната верска заедница, му бил одреден притвор кога се појави пред Крунскиот суд во Портсмут. Се бранел со молчење, објави Дејли Меил.