Една од најпознатите руски манекенки Лилија Судакова (26) која е препознатлива по црвената коса, е обвинета дека си го избола мажот на смрт после љубоморна кавга. Имено, таа е обвинета дека го убила својот сопруг Сергеј Попов (28) откако тој дома и донел непозната девојка, која ја запознал во бар и од неа побарал да им готви. Ако Лила биде осудена за убиството може да отиде во затвор на 15 години.
Мајката на осомничената за локалните медиуми изјави дека пијаниот Попов ја донел дома жената што ја запознал во бар и очекувал неговата сопруга да му готви.
„Ја фатил за коса и ја удрил во нога“, рече мајката, повикувајќи се на друг сведок во станот. Тој се повлекол, но се вратил додека таа сечела зеленчук за салатата.
„Ја фати за коса. Во тој момент таа замавна и случајно го прободе“, рече нејзината мајка.
Наводно, манекенката првично сметала дека раната е „само расекотина“, рече таа.
“Кога сведокот влезе (во кујната), виде што се случило. Ќерка ми се тресела. Лилија беше жртва, тоа беше самоодбрана. Ова беше толку болна љубов. Сè се случи случајно, тоа беше несреќа“, вели Ирена Судакова.
Таа рече дека Попов ја претепал Лилија неколку пати кога бил пијан и дека таа претрпела физичко и психичко малтретирање од негова страна.
Пријателката на Лилија, стилистката Каролина Павловскаја, исто така рече дека Лилија била жртва на малтретирање.
„Таа беше скршена девојка со прекрасен изглед, но празна одвнатре“, рече таа
Инаку, манекенката се појавила на насловната страница на руското издание на списанието „Вог“ и во списанија во Италија, Кина и Јапонија.