Автобус на Ласта кој од Црна Гора патувал за Белград е запрен на границата со Црна Гора, на граничниот премин Шпиљани, а во него е откриен италијански државјанин кој претходно побегнал од карантин во Хрватска, дознава Танјуг.
Во склад со пропишаните мерки, државјанинот од Италија не е пуштен да влезе во Србија, а на останатите патници од тој автобус им се издадени решенија за домашен надор, односно изолација.
Автобусот е префрлен во Белград, каде превентивно ќе биде дезинфициран.