Поранешната ѕвезда на „Озморувачката“ и фронтменката на The Pretty Reckless, Тејлор Момсен, доживеа несреќа во Севиља за време на настапот како предгрупа на AC/DC, која ја направи вест број 1 и ја доведе во болница.
За време на изведбата на Witches Burn, на неа налетал лилјак, ѝ се закачил за бутот и ја каснал. Иако не почувствувала ништо, во еден момент ја забележала толпата како вреска и покажува. Тогаш сфатила што се случило, па била хоспитализирана и ја примила вакцината против беснило.
Каков рокенрол-момент во Севиља минатата среда, и тоа за време на Witches Burn од сите песни… Налета на мене и ми се закачи на ногата додека пеев, немав поим што се случува додека публиката не почна да покажува со прст и да вреска – се присети таа во видеото од драмата, кое го објави на својот Инстаграм.