Птица за малку ќе урнеше руски авион со 234 патници (ФОТО и ВИДЕО)

by Тони Зографски

Авионот “Арбас А231“  со 234 патници принудно слетал во предградието на Москва откако му се запалил моторот.Наводно, по полетувањето во моторот влегла птица, и тој се запалил. Авионот слетал на трупот и се лизгал на пистата, се до едно поле со пченка.

Повредени се 10 лица, меѓу кои 3 деца, соопшти Министерството за вонредни ситуации на Русија.

На местото на несреќата пристигнале 2 хеликоптери и 7 возила на Итната помош.
Подоцна е соопштено дека авионот влетал во јато галеби, од кои еден влегол во моторот на авионот.

останати вести