“ЕВЕ, АКО САКАТЕ ДА СЕ СМЕЕТЕ И ДА ПЛАЧЕТЕ ВО ИСТО ВРЕМЕ“: Баби танцуваа среде Белград (ВИДЕО)

by Тони Зографски

На социјалните мрежи се прошири видео од центарот на Белград на кое се гледа како две баби танцуваат додека свири уличен музичар.

„Белград е чудо“, се вели во видеото на кое се гледа како уличен музичар свири, а бабите весело танцуваат.

Многумина беа разнежнети од фактот што едната баба е во инвалидска количка, додека другата ја вози околу свирачот и танцува. Потоа свирачот застанал пред жената во инвалидска количка и свирел само за неа.

Госпоѓата што ја турка количката има рака во гипс, што ја прави целата сцена уште поемотивна.

„Еве, ако сакате да се смеете и да плачете во исто време“, гласеше натписот на видеото откако беше споделено на Твитер.

останати вести