Пејачката Мараја Кери сите ги засенила во Лос Анџелес, а многумина не можеле да поверуваат колку добро изгледа.
Сопственичката на еден од најраскошните гласови, Мараја Кери, долго време била на мета на критики затоа што нагло се здебелила, особено после бременоста.
Речиси никаде не наидувала на разбирање, а осудите станале дел од нејзиното секојдневие.
Иако нималку не ѝ било лесно да ги слуша критиките на своја сметка, не дозволувала тие да влијаат на нејзината психичка состојба и самодоверба. Но, пејачката сега се појавила во Лос Анџелес посексапилна од кога и да е.
Имено, Мараја присуствувала на еден музички настан, а за таа прилика избрала да носи интересна модна комбинација во крем и кафеави нијанси на боја. Во прв план биле нејзините затегнати нозе, а корсетот уште поголем акцент ставил на нејзините бујни гради.
Со насмевката таа го одземала здивот на секој чекор, додека нејзината брановидно стилизирана коса паѓала до рамениците. Цел аутфит го заокружила со впечатлив накит којшто додал доза на гламур.
Неверојатните облини на пејачката привлекле уште поголемо внимание, а насекаде можеле да се слушнат коментарите дека оваа голема ѕвезда никогаш не изгледала подобро.
Меѓутоа, тоа не се случило преку ноќ. Мараја со месеци вредно тренирала во теретана, барем три пати неделно, додека исхраната целосно ја сменила: ги исфрлила слатките, грицките, соковите и тестата.