Пристигна нов пролетен тренд за пролет кој на филмски настан во Лас Вегас го промовира американската актерка и пејачка Зендеја Колман.
Зошто не сме изненадени што токму Зендеја предизвика моден спектакл? Иако нејзината долгогодишна стилистка и пријателка Ло Рох неодамна се повлече од бизнисот, таа сепак одлично се снајде, можеби сè уште ѝ помага со совети, но нејзиниот стајлинг вчеравечер несомнено беше создаден со врвно познавање на модата.
Храбро, моќно, оригинално… Облеката на Зендеја е совршена комбинација на класиката, односно модата од некои постари времиња и најмодерните трендови во 21 век.
Широките панталони предизвикаа позитивни коментари кај жените штом беа објавени сликите од настанот CinemaCon. Моделот одговара на секоја фигура, а спаѓа во парчињата облека кои, штом ќе ги облечете, лесно се заљубувате.
Интересната верзија на предимензионираната гардероба изгледа уште помоќно со белите обувки, кои најдобро се согласуваат токму со облека со умерени бои.