Најавениот концерт на Цеца Ражнатовиќ за крај на јубелејниот 50-ти фестивал “Празникот на мимозите“ во Херцег Нови ги подели тамошните граѓани. Додека едни се радуваат на нејзиниот концерт, другите се против и покренаа петиција: “Мимози ДА, Цеца НЕ“. Според нив, името на Цеца на било кој начин не смее да се врзува за “Празникот на мимозите“.
Во петицијата меѓудругото е напишан за минатото и проблемите со законот која Цеца ги имала, со што би го извалкал угледот и значењето на фестивалот како и на градот Херцег Нови.