Поранешниот американски претседател, Бил Клинтон тврди дека неговата афера со поранешнат практикантка во Белата Куќа, Моника Левински која речиси и го уништи неговото претседателство, била една од работите кои тој ја направил „за да се справи со анксиозноста“. Во документарецот “Хилари“ 73-годишниот Клинтон објасни дека кога ја запознал Моника бил под голем стрес од работата и дека аферата му помогнала да се олесни од него и да ги тргне мислите од проблемите. Всушност Моника му била само разонода.
Клинтон во документарецот објаснил како ѝ признал на сопругата Хилари дека ја изневерил.
-Разговарав со неа, ѝ реков точно што се случи, дека се чувствував ужасно од сè. Имавме тежок период тие неколку години. И реков дека нема никаков изговор за моето однесување, рече Клинтон.
Хилари, поранешна сенаторка, државен секретар и претседателски кандидат, изјави дека била скршена од аферата.
– Не можев да верувам дека се случи. Беше лично, болно и не можам да верувам дека ме лажеше, рече Хилари.
На прашањето зошто ризикувал толку многу, со оглед на штетата што му предизвикала аферата, тој одговори дека во моментот на измамата не размислувал за тоа прашање.
Инаку, последен пат Клинтон за аферата зборуваш во 2018 година, но тогаш рече дека не ѝ должи извинување на Левински. Аферата излезе во јавноста во јануари 1998 година. Одговарајќи на наводите од медиумите, Клинтон тогаш ја даде својата позната изјава дека нема никаков однос со Левински. Поради аферата, во декември 1998 година, откако стана јасно дека тој ја излажал поротата за сè и ја негирал својата врска со Левински, му беше поднесен инпичмен во Претставничкиот дом, но Сенатот го ослободи од обвинението па продолжи да ја извршува функцијата до крајот на мандатот.