Американската раперка Доја Кат привлече внимание на доделувањето на видео музичките награди на MTV во Њу Џерси.
Doja Cat on the #VMAs carpet.
— Pop Base (@PopBase) September 12, 2023
Таа носеше фустан кој наликуваше на пајакова мрежа. Оваа креација не успеа да ги покрие нејзините гради. Изгледот го комплетираше со нагласена шминка, накит и проѕирни потпетици.
Атрактивната раперка инаку музичката кариера ја започна со објавување песни на SoundCloud.
Синглот „So High“ го привлече вниманието на Kemosabe и RCA Records. Во 2014 година, во соработка со нив, таа објави ЕП наречено „Purrr!“.