Ријана пред два месеци роди син, а сега во јавноста се појави во тесни хеланки на Адидас во кои изгледа неверојатно.
Со темно сините хеланки со кои ги истакна своите заносни облини, пејачката од Барбадос облече тренерка, а како додаток на аутфитот стави бисерни ѓердани, блескави обетки и прстен.
Ова не е првпат таа да го поддржи. На почетокот на овој месец таа ги изненади фановите појавувајќи се со него на фестивалот Wireless во Лондон.
Тие двајца во мај станаа родители на момче. На крајот на 2020 година, магазинот People објави дека тие се во врска. Во 2013 година, раперот настапи на нејзината турнеја Diamonds.
Пејачката претходно нагласи дека нема да паузира по породувањето и дека планира да продолжи да ја води својата модна империја вредна милијарда долари.
„Балансот е еден од моите најголеми предизвици и секогаш бил“, рече таа.