Глумецот и комичар Орсон Бин загина на 91.година откако го удри автомобил кога преминувал преку една улица во Лос Анџелес.
Според изворите на полицијата, Бин ја преминувал улицата надвор од пешачкиот премин, кога едно возило го “очешало“, а друго го удрило и го усмртило.
Бин починал на лице место, а двете возила останале на местото на несреќата. Полицијата истражува дали ударот бил намерен или се работи за несреќа.
Инаку, Орсон Бин публиката најмногу го памети од популарната серија “Очајни домаќинки“ а гостувал уште во неколку серии.