ОТВАРАЊЕ ШТО ЌЕ СЕ ПАМЕТИ: Операта на Барселона одржа концерт пред 2.292 растенија (ФОТО и ВИДЕО)

by Тони Зографски

Пред неколку дена во Барселона беше отворена оперската сезона, а за првиот концерт имаше навистина необична публика.

Наместо од луѓе, сите 2.292 седишта во Gran Teatre del Liceu беа зафатени од растенија.

Идејата ја добил концептуалниот уметник Еугенио Ампуда, а концертот беше пренесуван во живо на сајтот на операта. Уметникот се надевал дека овој подвиг ќе ги натера луѓето добро да размислат за нашата врска со природата:

„Се наоѓаме на крајот на една ера, што значи мора да промениме некои работи. Не живееме во истиот свет како пред 90 дена и ова значи дека мораме да размислиме за сè што правиме“, изјави тој.

Интересно е што се планира сите растенија да им се подарат на здравствените работници кои биле во првите редови во борбата против корона вирусот.

 

останати вести