Сашо Каимовски Панки е на слобода. Ѓорѓи Галетановски – Чомбе, директорот на скопската Зоолошка градина, инаку добар другар на пејачот синоќа објави фотка со него во еден скопски локал.
Панки беше уапсен во март годинава на Граничниот премин „Евзони“ на пат кон Грција. По него имаше распишано европска потерница, од германските власти за учество во мрежа што пред 13 години крадела податоци од картички на банкомати.
Пејачот се сомничи дека, во 2006 година, од два банкомата, во Минхен, Германија, украл податоци и лозинки на кредитни и дебитни картички со поставување на микроскопски чипови што ги снимале податоците и со поставување на дополнителна тастатура.
Панки е виден вечерва во скопско кафуле во центарот на Скопје, но не е познато како завршило барањето на германските власти тој да биде испорачан на Германија.