Една од најубавите светски глумици Моника Белучи (55) е жена што и денес предизвикува големо внимание, а на која по изгледот можат да и’ позавидат и многу помлади девојки. Моника само со една објава на Инстаграм, успеа да предизвика лавина коментари. Во последниве неколку денови, целиот свет полемизира дали ваков вид фотографирање ѝ прилега неа, со оглед на тоа што велат таа е во посериозни години.
Имено, таа ги израдува сите свои следбеници кога поставила фотографија во сако под кое носела само боди. Нејзиното деколте е прдизвикувачко како и целата нејзина фигура.
Под фотографијата можеше да се прочитаат коментари во кои фановите ја поддржуваат и го фалат нејзиниот изглед, но и такви во кои велат дека има премногу години за вакви фотографии.
– Таа влезе во шестата деценија, би требало да се смири. Ваквите фотографии не и’ доликуваат“, гласел еден од коментарите.