Се појавија фотографии од одморот на француската претседателска двојка додека тие уживаа во џет-ски и нуркање околу островот Поркерол.
45-годишниот Емануел Макрон ги покажа стомачните мускули и се насмевнува додека седеше со неговата 70-годишна сопруга Брижит на бродот додека разменуваа нежности.
Инаку, кога Емануел Макрон првпат се кандидираше за претседател пред пет години, добар дел од јавноста најмногу се интересираше за разликата во годините меѓу него и неговата сопруга Брижит. Имено, таа поранешна учителка е 24 години постара од нејзиниот сопруг.
Тој е најмладиот француски претседател во историјата, а таа е најстарата прва дама.
Тие се во брак од 2007 година, а Брижит има три деца и седум внуци од претходниот брак. Двојката се запознала кога Макрон имал само 16 години, а наводно се зближиле за време на подготовката на училишна претстава.
Брижит била професорка по француски јазик во католичкото средно училиште Ла Провиденс во Амиен, а младиот Макрон веднаш се заљубил во неа. И двајцата се од Амиен, а таа потекнува од семејство на познати производители на чоколади и слатки.
Нивната врска станала официјална кога тој наполнил 18 години. Таа потоа го напуштила сопругот. Во книгата што ја објави минатата година, самиот Макрон ја опиша својата врска со Брижит како тајна и често погрешно протолкувана.
Половина година по изборите, Макрон сподели со јавноста дека тој и неговата сопруга се трудат да одржат балансиран семеен живот и да остават слободно време за себе, поради што еднаш неделно излегуваат на романтична вечера.
Тој за Paris Match изјави дека тој и Брижит резервирале една вечер во неделата само за себе, а дека саботната вечер е резервирана за семејството, доколку нема национални обврски. „Не остануваме дома. Свесни сме за сите протоколарни и други обврски, но сакаме да го зачуваме нашиот дел од слободата“, рече тој.
Изгледа дека успеале бидејќи вториот мандат го дочекале во среќен брак.
Уште кога стана прва дама, Брижит ги налути Французите со нејзиното непочитување на протоколот, односно затоа што „секогаш се турка“ да стои до претседателот, а не зад него, како што налагаат правилата. Покрај тоа, тие го критикуваа и нејзиниот стил на облекување, кој според критичарите е премногу младешки и непримерен.