Познатата американска новинарка Опра Винфри (70) завршила во болница каде примала инфузија поради дехидрација поради стомачен вирус, објавија денеска медиумите во САД.
Таа „се опоравува од стомачен вирус и прими инфузија за дехидрација, како што препорача нејзиниот лекар“, рече нејзиниот претставник за медиуми во изјава дадена за Си-Ен-Ен.
„Таа одмoра и се чувствува подобро секој ден“, рече тој. Винфри претходно во видео повик и кажа на својата најдобра пријателка, новинарката Гејл Кинг, дека „не може да држи вода во телото за да остане хидрирана“, па морала да побара помош во болница.
Кога Кинг и реклa дека изгледа „слабо“, Винфри се согласила дека сè уште не е добро, но дека е „на пат“ кон закрепнување.
Таа, исто така, на својата пријателка ѝ кажала дека многу луѓе во нејзината куќа исто така „заболеле“ од стомачен вирус и ги потсетила гледачите дека е важно да ги мијат рацете.
Пред само неколку месеци Опра призна дека го користела популарниот лек Оземпик за слабеење.