Несекојдневен погреб на кој интервенирала и полицијата се случил во едно село во близината на Врњачка Бања.
На погребот на 73-годишната Ј.В. избил инцидент кога се појавил попот. Вдовецот кој се декларирал како комунист и кој не верувал во бога, почнал да го навредува свештеникот.
-Откако дојде попот, М.В. почна да вика и да навредува. Џабе му објаснувале дека тоа било последна желба на неговата покојна сопруга. Роднините се обиделе да го смират вдовецот, но тој почнал и со нив да се кара. Кога кавгата се вжешти, еден од присутни повика полиција – вели извор за “Ало“ и додава:
-Откако стигна полицијата, присутните на погребот рекле дека пијаниот М.В. ги навредувал сите и сакал да го тепа попот. Затоа полицијата мораше да го приведе вдовецот за да може да се изврши погребот.