“ОМАЖИ СЕ ЗА МЕНЕ“: Келнерка на Октоберфест е апсолутен хит (ВИДЕО)

by Тони Зографски

На ТикТок се шири видео од млада келнерка со неверојатни вештини.

Русокосата во рацете ставила 15 литри пиво и сама ги носи кај гостите, а некој ја снимил и тоа стана хит на TikTok.

Момчето кое го објави видеото вели дека снимката е направена на Октоберфест, додека некои тврдат дека девојката уште работела и на Хербстфест во Розенхајм. Но, навистина најмалку е важно каде е.

„Омажи се за мене“, напиша момчето кое го објави видеото на TikTok.

„Би се оженил со неа“, „Можно ли е ова“, „Носи 15 литри пиво“, „Можно ли е да е толку силна“, пишуваат луѓето на TikTok. Видеото за кратко време беше прегледано повеќе од 1,7 милиони пати.

 

останати вести