Ако до сега немавте среќа, проверете го хороскопот на двете многу познати и популарни руски астролози Василиса Володина и Тамара Глоуб – тврдат дека кај три знаци ситуацијата драстично ќе се промени од 15 февруари до крајот на месецот. И на подобро! Близнаците, Ракот и Шкорпијата може да очекуваат поволен период во следните две недели. Иако не до тој степен, и Лавовите ќе имаат добри денови.
Прочитајте го хороскопот за споменатите знаци и какви позитивни промени и добри околности ги очекуваат во следните 15 дена.
Близнаци
Близнаците имаат лесен пат до успехот и постигнувањето на своите цели. Нивните напори конечно ќе се исплатат и се очекува да ја стабилизираат финансиската состојба. Сепак, вашата продуктивност ќе продолжи да расте и да дава резултати. Совет на ѕвездите е да ги оставите настрана сите дополнителни пари што ќе ви се најдат во наредните денови. Судбината ви подготвила и многу убаво, романтично познанство, доколку моментално сте сами.
Рак
Ракот ќе ја има најголемата среќа на финансиско поле – парите ќе им се лепат како магнет, па треба да ги искористат наредните денови за да затворат некои дополнителни зделки. Исто така, може да се случи да имате многу среќа во наградните игри. Ѕвездите предвидуваат и дарежлив деловен бонус или неочекувано покачување.
Шкорпија
Ова е периодот кога среќата ќе ве придружува во секој потфат. По период во кој работевте многу напорно, без соодветна награда, ќе има денови кога ќе можете да се опуштите и да уживате во плодовите на вашиот труд.