На почетокот на есента Весна Змијанац повторно ќе оди на операција како би се ослободила од вишокот на килограми и масти.
-Втор пат ќе морам на липосукција иако се зареков дека повторно никогаш нема да ја направам. Едноставно, нема друг начин да ослабам иако тоа ме нервира. Веќе се консултирав со докторот кои ми рече дека помалку ќе боли отколку пред осум години – изјавила Весна.
Инаку, интересно е што за да не плати 8.000 евра колку што чини интервенцијата Весна ќе дозволи целата операција да се снима како еден вид компензација.
Претходно пејачката имаше неколку интервенции, затегнување на лицето и вратот, како и извлекување на салото од под брадата и стомакот.
фото: Д. Кадиќ