– Прекрасно е да се биде жив, фантастично е да се облекуваат чевли за танцување и да се слави… Благодарна сум за сѐ – порача кралицата на попот на својот Инстаграм, споделувајќи со јавноста видео од прославата.

Иако според правилата кои важат во Америка, таа е на прагот на пензија – очигледно не планира да се смири.

Забавата, инаку, се случи еден ден откако таа ги објави новите датуми на турнејата, која ја продолжува по здравствените проблеми со кои неодамна се справи.