Марија Кристина Холандска почина во 73-та година од животот, објави холандскиот Марк Руте, пренесува информативната служба на неговата влада
„Со намерното откажување од правото на престолот, таа му даде своја смисла на животот. За неа важни беа семејството, љубовта кон музиката и поддршката на младите пејачки таленти“, се истакнува во соопштението.„Длабоко сме ожалостени со смртта на нашата сестра и тетка. Кристина беше впечатлива личност и имаше големо срце. Со својата страст кон музиката и нејзиниот талент, таа успеа да допре до многу луѓе. Ќе ги чуваме многуте убави спомени на неа“, се наведува во објавата на кралското семејство.
Според сознанијата на ресурсот Роѕал Централ, принцезата долго се борела со ракот на коските. Во објавата се наведува дека „Неговото височество кралот Вилем-Александер и Нејзиното височество кралицата Максима и нејзиното кралско височество Беатрикс од Холандија објавија дека нејзиното кралско височество принцезата Кристина починала рано утрото во палатата Нордејнде во Хаг на 72 години“.
Принцезата Кристина беше тетка на кралот Вилем-Александер и сестра на принцезата Беатрикс.
Телото на принцезата ќе биде изложено во капелата Фагел во рамките на палатата Бордојнде, а погребната церемонија ќе биде исклучиво од приватен карактер.
Марија Кристина Холандска е родена на 18-ти февруари 1947 година во дворецот Сустдејк.