Џастин Васу (27) и Тејлор Васу (28) од САД тврдат дека живеат совршен брачен живот – одат на одмор дванаесет пати годишно и имаат секс четири пати неделно. Тие велат дека се ужаснати од последиците што може да ги имаат децата врз бракот и дека се премногу неодговорни за да бидат родители, објави „Дејли стар“.
Како што вели Тејлор за британскиот таблоид, повеќето родители во нејзиното окружување ѝ откриле дека нивниот живот завршил во моментот кога добиле деца.
„Поради таа причина, ние не сакаме наши деца. Родителството нè плаши“, објаснила таа за „Дејли стар“.
Одвреме-навреме, луѓето ја потсетуваат на биолошкиот часовник, но Тејлор е прилично остра со нив.
„Им велам дека тие одговараат за своите дела и дека јас не би сакала да бидам очајна како нив“, рекла 28-годишната жена.
Брачниот пар вели дека патувањата се голем дел од нивната љубовна врска.
„Обожаваме да патуваме и сакаме да надокнадиме сè што пропуштивме“, раскажала Тејлор, алудирајќи на изгубените години поради пандемијата на коронавирусот.
Тејлор вели дека децата се голема обврска и дека тие имаат големо влијание врз животите на нивните пријатели кои решиле да станат родители.
„И нашиот сексуален живот е одличен, не сме подготвени да се откажеме од сето тоа. Нашата предигра започнува уште од утринското вежбање, па трае сè до вечерта кога имаме време за себе. Да имавме деца, ништо од тоа немаше да можевме да го правиме“, вели 28-годишната жена.
Нејзиниот сопруг се согласува со нејзините ставови. Како што велат тие, веројатно ќе имаат деца еден ден, но тоа сè уште не им е приоритет.