Утре (среда), Меган Маркл ќе го прослави својот 40 -ти роденден. По тој повод, таа планира прослава во нејзиниот дом во Санта Барбара.
Во јавноста протече дека таа ја ангажирала Колин Коуви, која инаку ги планира забавите на Опра Винфри, да ја организира забавата.
“Меган сака малку да се дружи, така што беа поканети околу 65 луѓе, вклучувајќи ги и најблиските пријатели и семејството. Колин и ја препорача Опра затоа што организира фантастични забави”, рекол извор за Мирор.
Принцот Хари наводно нарачал торта од локална слаткарница за роденденот на неговата сопруга, додека исто така ќе се служи локална храна и вино од блиските лозја.
На роденденската забава треба да бидат и Опра Винфри и Гејл Кинг, со кои Меган стана блиска откако се пресели во Америка.