Бензините поскапуваат за половина денар, дизелот за денар и половина, екстра лесното за два денари. Регулаторната комисија за енергетика направи нова пресметка за горивата.
Бензинот од 95 октани од полноќ ќе се продава за 86,5 денари за литар, а бензинот од 98 октани за 89 денари. Новата цена на дизелот е 92,5 денари за литар.
Екстра лесното масло за домаќинство ќе се продава за 89,5 денари, а поскапува и мазутот.
Во просек, малопродажните цени на нафтените деривати се зголемуваат за 1,2 проценти.