Уапсен е Раде Штекли

by Тони Зографски

Уапсен е Раде Трајковски Штекли, објави netpress.com.mk.

Toj се сомничи за трговија на дрога.

Раде Штекли предводел група од над десетина члена кои се занимавале со продажба на наркотични средства. МВР и Бирото за јавна безбедност се во потрага и апсење на целата негова група. Тој е уапсен при обид за бегство, во близина на хотел во околината на Гевгелија. Раде Штекли е познат по пресметките со нарко картелите и беше предмет на повеќе обиди за убиство.

Оваа акција на МВР уследува по сузбивањето на арачиновската група Беланоца

Извор: netpress.com.mk

останати вести