АПАСИЕВ: Џафери псуе на македонски, што значи службениците се Македонци!

by Тони Зографски

Во однос на скандалозната снимка која стана вирална во јавноста, каде претседателот на Собранието Талат Џафери омаловажува вработени во Собранието, коментираше и претседателот на Левица, Димитар Апасиев.

Еден момент кој ни промакна, во случајот со пцостите и мобингот на спикерот ЏАФЕРИ кон собраниските стафери… Секогаш кога Џафери зборува со службеници-Албанци, им се обраќа на албански. Но, на снимката вреѓањето и понижувањето е на македонски јазик!

Дали тоа значи дека силеџиите од ДУИ, во македонското собрание, спроведуваат антимакедонска агенда поддржана од претседателот, на омаловажување врз етничка и национална основа?” – прашува на својот Фејсбук профил Димитар Апасиев.

 

останати вести