Аполонија Левелин, ринг девојка од Англија, за локалните медиуми признала дека добила понуда од 100.000 фунти да се соблече гола, но дека ја одбила.
Оваа атрактивна русокоса моментално повеќе работи како модел на Инстаграм, но не крие дека нејзиното појавување на натпреварите во бокс ѝ ја зголемиле популарноста во која сега ужива.
– Мојот Инстаграм и Тикток експлодираа за време на изолацијата во 2020 година и во тој момент „KSI Misfits Boxing“ ме замоли да бидам нивна ексклузивна девојка. Направив неколку борби и добив голем публицитет.
Како што наведува и самата Аполонија, тогаш од почит кон семејството ја одбила непристојната понуда за разголени фотографии, иако неодамна на својот Инстаграм профил објавила две провокативни – од када.
Аполонија неодамна наполни 24 години, а по тој повод реши да ги почести своите фанови со провокативни фотографии, а во меѓувреме стана кралица на Инстаграм и Тикток.
Дали ќе ја продолжи кариерата како ринг девојка засега е тешко да се каже, но судејќи по овие фотографии, јасно е дека има одлична кариера во светот на манекенството.