Рита Леви-Монталкини е италијанска научничка и добитничка на Нобеловата награда, позната по својата работа во областа на невробиологијата. Таа доживеала 103 години, со што стана најстарата нобеловка на сите времиња. Рита е родена во 1909. година и пораснала во време кога жените немале поддршка да развијат кариера, но и покрај противењето на нејзиниот татко, таа се запишала на медицински факултет. По некое време започна дискриминацијата на Евреите – им било забрането да се занимаваат со академска кариера. Така Рита морала поради науката да го напушти својот дом и да замине во Брисел. И’ покрај тешкотиите, таа продолжила да го прави она што го сака и што ја исполнува, што ќе придонесе за целиот свет и рекла:
„Да не бев дискриминирана или прогонувана, немаше да ја добијам Нобеловата награда“. Таа знаела да гледа на работите од поинаков агол и била благодарна за непријатните животни околности. На крајот на краиштата, тие ја направиле храбра личност, жена чие име ќе се памети низ историјата. Главното откритие на Рита беше „факторот за раст на нервите“ – она за што ја добила Нобеловата награда.
Таа сметала дека прејадувањето е голем стрес за организмот, бидејќи е потребна голема количина на енергија за да се свари оваа храна. Таа нагласила дека мозокот е најважниот дел од човечкото тело и дека со негово вежбање може да се намали ризикот од деменција во староста.
Еве ги нејзините препораки:
– Читање тешка литература – Многу научници рекле дека постојаното учење ја зачувува виталноста на мозочните клетки.
– Решавање логички проблеми и крстозбори – тие го поттикнуваат мозокот да размислува надвор од рамката.
– Обидете се да запомните повеќе – На пример, откако ќе го прочитате секое поглавје, затворете ја книгата и обидете се да запомните помали детали. Слушајте се себеси, повторете го она што сте го научиле – учењето поезија или молитвата напамет може да биде убав начин да го одржите вашиот мозок добро да функционира дури и на старост.
– Учете странски јазици – Не морате да го зборувате течно, туку поентата е да го „исптегнете“ мозокот и на тој начин да создадете нервни врски. Научничката истакнала дека ви се потребни околу 20. минути дневно.
И на крајот, одржувајте позитивен дух, тоа е една од најголемите тајни за долг и среќен живот. Рита Леви-Монталкини велеше: „Пред се, не плашете се од тешкотии. Тие ни го даваат најдоброто. Дури и кога ќе се појават тешкотии и проблеми, обидете се да го задржите оптимизмот и да видите шанса за развој во сè“.