705
Стаховски на својот Инстаграм профил ја објави целата комуникација со Ѓоковиќ, кој му понудил помош во било која форма.
„Милев на тебе. Се надевам дека брзо сѐ ќе се смири. Те молам, упати ме на најдобрата адреса за да пратам помош, финансиска или било каква друга“, му напишал Ѓоковиќ на Стаховски.
Украинскиот тенисер само му се заблагодарил за поддршката.
„Украина ти е благодарна, фала ти на поддршката“, му одговорил Стаховски, потенцирајќи дека е на безбедно во Киев.
