Сузана Турунџѝева ѝ оддаде почит на починатата уметница Андријана Мациев, но и со нејзиното дело во еден од ходниците во Клиниката за онкологија упати моќна порака до сите.
„Ако често пати сте незадоволни од вашиот живот, мислите дека тој е неправеден, нефер, и дека баш вие сте невиден баксуз, малер, а сите други се посреќни од вас, ви предлагам барем 2 пати во годината да отидете и да прошетате низ ходниците во Клиниката за онкологија, па откако ќе излезете од таму да знаете зошто треба секојдневно да се заблагодарувате за сè што имате наместо да кукате за она што го немате.
П. С. Прекрасната Андријана Мациев, која немаше среќа да ја победи битката со опаката болест стана бесмртна и продолжи да живее на овој ѕид, во еден од ходниците во Клиниката за онкологија за кои ви зборував“, напиша Турунџиева на Фејсбук.