Белгиската министерка за здравство, Меги Де Блок, во вторникот носеше необична маска за лице во парламентот за да го привлече вниманието на медиумите, а нејзините фотографии веднаш станаа вирални на социјалните мрежи.
На маската на Меги Де Блок е испечатено нејзиното лице, пишува Јутарњи.
Таа на својот профил на Твитер објави фотографија со маска на лицето и напиша дека сите приходи од продажба на маската одат во хуманитарни цели.
Инаку, во саботата, Белгија воведе обврска за носење на заштитни маски на многу затворени простори, вклучувајќи продавници, кина и музеи. Белгија, која по смртност беше најтешко погодена од коронавирусот, успеа да ја доведе пандемијата под контрола и вчера објави, за прв пат од 10 март, дека нема жртви.