“АМАН, АКО ТРЕБА ДА УМРАМ ЌЕ УМРАМ“: На глумицата Светлана Бојковиќ преку глава ѝ е од короната

by Тони Зографски

Српската глумица Светлана Цеца Бојковиќ во „Белградска хроника“ на РТС  ја отвори душата околу пандемијата.

На прашањето од водителката како се справува со тоа што сите не снајде и дали се навикнала на новата нормалност, алудирајќи на пандемијата со коронавирус, Цеца Бојковиќ одговори:

– Се снаоѓаме како мораме. Прво сакам да кажам дека тој израз нова нормалност е еден од 10. изрази кој во оваа ситуација во последните шест месеци исклучиво ме иритира. Ве молам, што е тоа? Оние кои мора тоа да кажуваат и кои го прокламираат тоа, воопшто не се иронични. Норамалност е нормалност и нема тука нема нова или стара – вели Цеца.

– Второ, кога сме кај тоа, велат: “Социјална дистанца“. Што е социјална дистанца? Постои физичка дистанца, социјална дистанца е нешто сосема друго. Значи, такви некои фрази влегуваат во секојдневието и тие се повторуваат.

Таа се осврна и на препораките од Кризниот штаб.

– Кризниот штаб ни кажува разни контрадикторни работи, денес ова, утре тоа, а потоа и постојаната закана дека ќе има нови мерки… Аман, пуштете нè да дишеме, да дишеме и живееме. Па, кога ќе биде, ќе биде. Ако треба да умрам, ќе умрам. Толку од мене за денес – заврши таа.

 

останати вести